| четврток, 6 декември 2018 |

Димитриев и Груевски на отворање фабрика на „Гентерм“: Прилепчани ќе изработуваат делови за „Бентли“ и „Ферари“

Dimitriev-Kamenica

Претседателот на Владата на Република Македонија Емил Димитриев денеска ќе присуствува на отворање на фабрика за автомобилски делови на компанијата „Гентерм“ во општина Прилеп.

Инаку, фабриката на американската компанија од автомобилската индустрија „Гентерм“, која денеска ќе биде пуштена во употреба во ТИРЗ Прилеп 1, е инвестиција од 20 милиони евра, со планирани 2.000 директни вработувања.

„Гентерм“ во капацитетот во Прилеп ќе произведува термални системи за автомобили и други уреди, наменети за извоз на европскиот пазар, според најавите, пред сѐ, за големите автомобилски гиганти како „Ферари”, „Порше”, „Бентли”, „Рено”, „БМВ”.

Менаџментот на компанијата најави дека во прилепската фабрика ќе донесе врвна технологија за производство на делови за регулирање на температура во автомобилите.

Дел од ангажараните вработени веќе поминаа обука во капацитетите на „Гентерм“ во Украина.

Gruevski-Zirovnica-640x341

Освен на отворањето на новата фабрика, претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ќе изврши увид во градежните работи на повеќе патишта и други инфраструктурни објекти, а исто така ќе оствари средба и со жителите на прилепското село Големо Коњари, а ќе ја посети и општина Македонски Брод, а ќе оствари  и со жителите на селото Самоков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top