| четврток, 6 декември 2018 |

Перјаниците на опозицијата се разочараа, договорот не им одговара

Најгласните перјаници на СДСМ преку социјалнте мрежи ги искажуваат својот револт и разочараност од постигнатиот договор меѓу политичките партии.

ivor-fb-640x399

Опозициските колумнисти и професори го искажуваат револтот велејќи дека СДСМ мисли само на себе и на своите фотелји. Водачите на шарената револуција, пак, сметаат дека со постигнатиот договор, револуцијата место шарена, стана црна.

baltovski-fb-640x341

sarakinski-fb-640x666

trickovski-fb-640x763

vankovska-fb-640x898

zekoli-fb1-640x927

zekoli-fb2-640x747

Според договорот, четирите политички партии се согласија да ги решат проблемите со избирачкиот список на следниов начин:

1. До 22 јули ќе се поднесат амандмани на Изборниот законик преку кои ќе се спроведе договореното.

2. Во однос на Анексот А, кој го подготви ДИК со вкрстените проверки, 171.500 лица ќе бидат ставени на посебен извод од избирачкиот список и нивното право на глас не е спорно.

3. Во однос на Анексот Б, кој го подготви ДИК со вкрстени проверки, 39.502 лица ќе бидат објавени од ДИК во рок од три дена по измените на Изборниот законик.

А. Податоците ќе бидат јавно објавени, а лицата што се на листата во рок од 25 дена по објавувањето ќе треба да се пријават за да се најдат на избирачкиот список.

Б. Сите лица што се наоѓаат во Анексот Б може да се пријават електронски според членовите 48-51 од Изборниот законик или можат да се пријават лично во локалните канцеларии на ДИК.

Ц. Три или повеќе членови на ДИК може да побараат дополнителна проверка за секое име. Во таква ситуација, кога членовите на ДИК бараат дополнителна проверка тие може да побараат од граѓанинот да дојде лично доколку е во земјата или да се јави преку видеоконференција доколку е надвор од земјата. Овие дополнителни проверки може да траат дополнителни 10 дена по истекон на периодот од 25 дена.

Д. Лицата што не се идентификувале нема да бидат дел од избирачкиот список. Тие што не се дел од списокот ќе имаат дополнителна можност да се регистрираат во ДИК за време на јавната проверка на списокот во пресрет на изборите.

Медиуми

1. Законот за медиуми и изборниот закони ќе бидат изменети со амандмани најдоцна 15 дена од денот на постигнувањето на овој договор.

2. АВМУ (Агенцијата за медиуми) ќе воспостави ад хок тело што ќе го надгледува спроведувањето на изборниот законик од страна на медиумите. Ова ад хок тело ќе функционира до крајот на изборниот процес, а ќе се оформи најдоцна во рок од 30 дена по постигнувањето на овој договор.

А. Ад хок телото ќе го сочинуваат четири членови. Во консултација со релевантните професионални организации политичките партии ќе селектираат четири членови на телото од кој најмалку еден член ќе биде Албанец. Овие четири членови со консензус ќе го изберат петтиот член во рок од 15 вдена.

Б. Почнувајќи 100 дена пред изборите, Советот на АВМУ треба да ги следи препораките на ново воспоставениот оддел и да дава процедури за медиумите пропишани со законот. Ад хок телото ќе го набљудува балансираното известување на медиумите за периоди не помали од една недела.

Ц. Прекршувањата на законот за медиуми и на изборниот законик ќе бидат казнувани со казна редуцирана за 50 проценти од пропишаната.

Д. За првото прекршување ќе се испрати предупредување. За наредните прекршувања ќе се изрече редуцирана казна.

Е. Новинарите и медиумите ќе бидат казнувани за изразување на своето мислење. Изразувањето на мислење треба да биде одвоено од информациите.

Ф. Некој медиум не може да биде затворен врз база на одлуките на споменатите процедури.

3. Четирите политички партии ветија дека ќе ја изменат медиумската легислативи во линија со препораките на Прибе во рок од шест месеци по изборите.

4. Во консултација со другите партии, најголемата опозициска партија ќе номинира главен уредник на информативната редакција на Јавниот Сервис (МРТВ) од експертите во ова подрачје. Откако партиите ќе се согласат дека се исполнети условите за избори, главниот уредник ќе стапи на својата функција 100 дена пред избори.

5. Ќе се направат и законски измени за да се овозможи 24-часовно емитување на албанскиот канал на МРТВ 7 дена во неделата.

Процена на прогресот

До 31 август, лидерите на четирите политички партии ќе решат дали наведените чекори се комплетирани и дали се исполнети условите за одржување на изборите се исполнети. Лидерите ќе го потврдат ова заедно со датумот на изборите со потпис.

Влада задолжена за спроведување на изборите

Доколку изборите се одржат во 2016, новата влада според договорот од Пржино ќе се изгласа во парламентот 100 дена пред договорениот датум за избори.

А. Примената на Законот за внатрешни работи ќе биде суспендирана се до 1 јануари 2017 година и законот ќе го ограничи бројот на менаџерски позиции во Министерството за Внатрешни работи на 15. Сите На сите вработени или истражители на обвинителството на кои им се дадени раководни позиции ќе се анулираат и нема да се бараат нови се до крајот на изборниот процес.

Б. Владата ќе одобри автоматски именувања во кабинетот на Министерот за Внатрешни работи и трансвер на персоналот на барање на Министерот за Внатрешни работи најмногу до 10 проценти од бројот на трансвери врз основа на просекот на трансвери во министерството во 2013 и 2014 година.

Ц. Министерот за Внатрешни работи и Министерот за Труд и Социјална политика ќе ги преземат одговорностите за Министерствата до формирањето на новата влада.

Други прашања

Поддршка за специјалниот јавен обвинител

А. Во случај Уставниот суд да одлучи дека дел од законот или целиот за Специјално јавно обвинителство е неуставен, четирите политички партии ќе се заложат за усогласување на законот со одлуката на судот и повторно воспоставување на Специјалното јавно обвинителство во рок од 5 дена.

Б. Четирите партии го повикуваат Уставниот суд да одлучува за Законот за специјално обвинителство најбрзо што може, ако е можно и на следната седница.

Реформи

Инклузијата на процесот на реформи и нивната имплементација ќе се спроведува преку работна група во парламентот, во која е бидат вклучени и претставници н граѓанското општество и експерти.

А. Приоритетно донесување на итни реформски приоритети и препораките на Прибе.

Б. Измени на законот за свиркачи според препораките на Венецијанската комисија во рок од шест месеци.

Ц. Охридски рамковен договор.

Д. Евроатлански интеграции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top