Една 65-годишна португалска вдовица се разбудила едно утро потполно без чувство за сопствеништво над своите повеќедецениски работи, се вели во едно ново истражување објавено минатата недела.
Иако вознемирувачкото искуство по интересната дијагноза поставена од страна на неуролог траело само три дена, тоа им докажа на психијатрите за важноста на сопствеништвото и материјалните добра кои се однесуваат на идентитетот и самоизразувањето.
– Луѓето го изразуваат својот идентитет преку своите работи. Токму тоа психолозите и научниците во последно време истражуваат и наоѓаат емпириски докази со која ја поткрепуваат споменатата тезе – пишув за „Њујорк магазин“ Мелиса Дал.
Всушност, постои цела низа подрачја во мозокот посветени на сопствеништвото.
Научниците тврдат дека одредени области на мозокот се вклучуваат кога го набљудуваат она што тие го поседуваат во однос на другите.
Веројатно тоа веќе сте го забележале и кај малите деца, кога ќе почнат да викаат „тоа е мое“. Според Дал, тие со помош на имотот создаваат свој сопствен идентитет, нешто што за жал не мора да исчезне со годините.
Затоа кога некој следниот пат ќе ве „закача“ за бескрајниот шопинг по продавници за мебел и домашни работи, одговорете му дека едноставно го збогатувате својот идентитет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


