| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто камионџијата ја избрал токму Ница

Нападот во Ница, во кој синоќа беа покосени најмалку 84 лица на Англиското шеталиште, го погодува најсимболичното место во градот, најпознатото средиште на Азурниот Брег и петтиот град според бројот на жители во Франција.

Ница е турситичко место уште од 19 век, а шеталиштето го добило името по англсики свештеник, кој во 1824 година го изградил првиот скромен земјен пат, кој во децениите подоцна ќе прерасне во моредна авенија, позната како Англиско шеталиште.

Во 1860 година Ница, која дотогаш била дел од Кралството Сардинија, преминува под власт на Франција.

По Првата светска војна Ница го достигнува врвот на космополитизмот. Многубројни аристократи, привлечени од благите зими, почнуваат да го населуваат градот. За околу 20 години по англиски модел Ница се гради над морето како град на казината. Изградени се стотици згради, од кои некои се во стилот арт деко, а бо дваесеттите години на минатиот век, кога се раѓа летниот туризам поттикнат од американските иселеници на Азурниот Брег, зградите стануваат хтели, кои ќе вдомат многубројни уметници, музичари и писатели.

Се отвораат луксузни хотели, казина, палати, на променадата се одржуваат летни манифестации, а најпознат е карневалот во Ница.

Секоја година Ница им нуди добре дојде на четири милиони посетители. Меѓутоа, градот има стапка на невработеност повисока ос националниот просек (15 проценти наспроти 10 проценти во цела Франција).

Самиот град има 342.000 жители и е петти град според население во Франција, по Париз, Марсеј, Лион и по Тулуз.

Од минатиот месец на чело на Ница е републиканецот Филипо Прадал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top