| четврток, 6 декември 2018 |

Спа­се­на­та ор­ли­ца по­втор­но ги ши­ри крил­ја­та над Ма­ри­о­во

По­е­дин­ци и ин­сти­ту­ции учес­тву­ваа во спа­су­ва­ње­то на злат­на­та ор­ли­ца од Ма­ри­о­во, но Ана Ар­сов­ска, ко­ја 45 де­на ја ле­ку­ва­ше до­ма со сво­јот со­пруг Бо­би, најм­но­гу се при­вр­за за неа. Иа­ко им би­ло су­ге­ри­ра­но да ѝ из­вр­шат евта­на­зи­ја би­деј­ќи би­ла се­ри­оз­но за­тру­е­на, се­мејс­тво­то Ар­сов­ски не се отка­жа­ло од ле­ку­ва­ње­то. И ко­га по 75 де­на ја од­не­ле во Ма­ри­о­во и ја пу­шти­ле, таа им на­пра­ви­ла пре­ле­ти над нив­ни­те гла­ви ка­ко да им се заб­ла­го­да­ру­ва. Си­те пла­че­ле од сре­ќа

Уба­ва­та, нај­у­ба­ва­та ма­ри­ов­ска ор­ли­ца по­втор­но ги ши­ри крил­ја­та над ма­ке­дон­ско­то не­бо отка­ко бе­ше спа­се­на и из­ле­че­на од за­тру­е­но­то оло­во. Точ­но 75 де­на тра­е­ше неј­зи­но­то ле­ку­ва­ње и таа се­га по­втор­но е сло­бод­на и ле­та ви­со­ко, во об­ла­ци­те. По­ве­ќе од три­е­се­ти­на лу­ѓе учес­тву­ваа во неј­зи­но­то спа­су­ва­ње – ин­сти­ту­ции, по­е­дин­ци, ве­те­ри­на­ри, би­о­ло­зи, вла­ди­ни и нев­ла­ди­ни ор­га­ни­за­ции се ан­га­жи­раа и по­мог­наа оваа пти­ца по­втор­но да заз­дра­ви.

buv10

Ко­га Са­мо­ил Или­о­ски, вра­бо­тен во по­гра­нич­на­та па­тро­ла во се­ло Ви­то­ли­ште, ја на­шол, би­ла во мно­гу ло­ша со­стој­ба. Ор­ли­ца­та не мо­же­ла да се дви­жи по­ра­ди гр­чот во но­зе­те. Се прет­по­ста­ву­ва де­ка на­стра­да­ла од олов­ни сач­ми, кои ги ко­ри­стат лов­џи­и­те. Мно­гу е ве­ро­јат­но де­ка на­че­ка­ла не­кое ра­не­то жи­вот­но со ва­кви сач­ми и хра­неј­ќи се со жи­вот­но­то, се за­тру­ла. Не мо­же­ла ни да ле­та. Или­о­ски ја пре­дал пти­ца­та на гра­нич­на­та по­ли­ци­ја во се­ло Ви­то­ли­ште. Ин­фор­ма­ци­ја­та за на­стра­да­на­та ор­ли­ца стиг­на­ла до Здру­же­ни­е­то за за­шти­та и за одг­ле­ду­ва­ње пти­ци-граб­ли­вки „Ја­рак“ и до Друш­тво­то за за­шти­та на бу­во­ви­те во зем­ја­ва (МОТ). Во спро­ве­ду­ва­ње­то на спа­су­вач­ка­та ак­ци­ја нај­го­лем удел има­ше се­мејс­тво­то Ар­сов­ски, кое до­би го­ле­ма по­мош и од Ма­ке­дон­ско­то еко­ло­шко друш­тво. Точ­но 45 де­на таа пре­сто­ју­ва­ла во ста­нот на Ана и Бо­би Ар­сов­ски, го­ле­ми ен­ту­зи­ја­сти и љу­би­те­ли на пти­ци-граб­ли­вки, осо­бе­но на бу­во­ви. Тие се и ед­ни од ос­но­ва­чи­те на МОТ.

arsovski (2)

– Ор­ли­ца­та бе­ше нај­де­на во Ма­ри­ов­ско. Бу­квал­но спи­ев­ме со неа, по­тоа ја пре­фр­лив­ме во скоп­ска­та Зо­о­ло­шка гра­ди­на, во по­го­лем про­стор и та­му це­лос­но се ре­ха­би­ли­ти­ра – ја поч­ну­ва­ат при­каз­на­та Ана и Бо­би.

Те­ра­пи­ја­та за ор­ли­ца­та, со ко­ја ја ле­ку­ва­ле во нив­ни­от стан од 45 ква­драт­ни ме­три, им ја пре­пи­ша­ле свет­ски ве­те­ри­на­ри. На нив­но го­ле­мо из­не­на­ду­ва­ње, тие им пред­ло­жи­ле евта­на­зи­ја на ор­ли­ца­та на 30. ден.

buv08

– Не ма­че­те ја, из­вр­ше­те евта­на­зи­ја – та­ка нѐ со­ве­ту­ваа. Но, ние на­пол­нив­ме не­кол­ку ко­фи со сол­зи и ре­ков­ме де­ка не се отка­жу­ва­ме. Да­дов­ме сѐ од се­бе и таа ни вра­ти со тоа што оста­на жи­ва. Мис­лам де­ка најм­но­гу по­мог­на фи­зи­кал­на­та те­ра­пи­ја и про­те­за­та што ја на­пра­вив­ме, со ко­ја тре­ба­ше да ги др­жи кан­џи­те отво­ре­ни. Тоа тра­е­ше 14 де­на. По­тоа ѝ ста­вив­ме уште ед­на про­те­за. Со тоа ини­ци­рав­ме да за­ста­не би­деј­ќи до­де­ка кан­џи­те ѝ беа во ту­па­ни­ци, таа не мо­же­ше да стои. Отка­ко ги отво­ри, се ис­пра­ви, се по­чув­ству­ва по­го­ле­ма, по­си­гур­на. Поч­на да че­ко­ри. Ја учев­ме да оди. Про­це­сот бе­ше мно­гу те­жок, и за нас и за неа. За сре­ќа, бе­ше ус­пе­шен. По 45. ден ко­га ви­дов­ме де­ка мо­же да че­ко­ри, ја пре­фр­лив­ме во скоп­ска­та Зо­о­ло­шка гра­ди­на, да мо­же да се раз­ле­та, да уло­ви не­кој жив плен, да се вра­ти во жи­вот. И тоа на­ви­сти­на се слу­чи. Поч­на да ло­ви, и тоа за нас бе­ше ре­во­лу­ци­ја – рас­ка­жу­ва Ана.

buv06

Злат­на­та ор­ли­ца е прв при­мер на за­тру­ен орел од оло­во во Ма­ке­до­ни­ја. И прв из­ле­чен.

– Таа, де­фи­ни­тив­но, е на­ша гор­дост. Ле­ку­ва­ње­то тра­е­ше дол­го, при­ми точ­но 100 ин­јек­ции, при­ма­ше ле­ко­ви и ан­ти­би­о­ти­ци, се­ко­ја не­де­ла ѝ пра­вев­ме ис­пи­ту­ва­ња, ја про­ве­ру­вав­ме крв­на­та сли­ка, ѝ зе­маа при­ме­ро­ци за ис­пи­ту­ва­ња. Таа се­то тоа го из­др­жа сто­ич­ки – ве­ли Бо­би.

По 75 де­на ле­ку­ва­ње, бе­ше про­це­не­то де­ка е вре­ме ор­ли­ца­та да се вра­ти во сво­ја­та при­род­на сре­ди­на.

– Два­е­се­ти­на лу­ѓе оти­дов­ме во Ма­ри­о­во, ка­де што бе­ше нај­де­на. Мо­рам да приз­на­ам де­ка бев мал­ку скеп­тич­на, се при­вр­зав за неа, имав тре­ма до пос­ле­ден мо­мент да­ли сѐ ќе би­де во ред. Ко­га ја пу­штив­ме, сле­та два ме­тра над ме­не и пр­во по­мис­лив де­ка има не­ка­ков проб­лем. Но, таа нѐ из­не­на­ди, ни на­пра­ви пре­крас­ни пре­ле­ти, ни кру­же­ше над гла­ва и бу­квал­но ка­ко да ни се заб­ла­го­да­ри за сѐ што на­пра­ви­ме за неа. Пла­чев­ме од сре­ќа – рас­ка­жу­ва Ана.

Не се ни­ту би­о­ло­зи ни­ту ве­те­ри­на­ри, ама се го­ле­ми љу­би­те­ли на бу­во­ви

buv13

Ана и Бо­би Ар­сов­ски ра­бо­тат ен­ту­зи­ја­стич­ки, бесп­лат­но и во­лон­тер­ски. Се сна­о­ѓа­ат ка­ко зна­ат и уме­ат, дво­јат од сво­јот џеб, има­ат од­ли­чен тим око­лу се­бе и среќ­ни се што има до­бри лу­ѓе кои им по­ма­га­ат без да им по­ба­ра­ат па­ри.

– Има­ме од­ли­чен ве­те­ри­нар, кој се­ко­гаш, во се­кое вре­ме, ни по­ма­га. Ни­ко­гаш не ни по­ба­рал па­ри. Тоа е до­ктор Ди­ме, кој не­се­бич­но ни по­ма­га 18 го­ди­ни. Ми­ни­мум сто­ти­на пти­ци сме од­не­ле кај не­го и тој ни­ко­гаш не ни по­ба­рал па­ри. Нај­го­ле­ма со­ра­бо­тка и ко­му­ни­ка­ци­ја има­ме со Ма­ке­дон­ско­то еко­ло­шко друш­тво, по­тоа Друш­тво­то за за­шти­та и про­у­чу­ва­ње пти­ци во Ма­ке­до­ни­ја „Еко­свест“ и со по­ве­ќе ор­га­ни­за­ции кои се на те­ма при­ро­да – ве­ли Бо­би.

Тој и не­го­ва­та со­пру­га не се ни­ту би­о­ло­зи ни­ту ве­те­ри­на­ри, а љу­бо­вта кон бу­во­ви­те е ста­ра кол­ку и нив­на­та љу­бов – по­ве­ќе од 19 го­ди­ни.

– Сѐ поч­на со ед­но був­че кое го нај­дов­ме пред 19 го­ди­ни. От­то­гаш се за­ин­те­ре­си­рав­ме за нив­ни­от жи­вот. Поч­нав­ме да ше­та­ме по ме­ста­та ка­де што тие се гнез­дат, да ги про­ве­ру­ва­ме. Ко­га ќе дув­не по­си­лен ве­тер, знае да ги дув­не од нив­но­то лег­ло, па ги вра­ќа­ме на­зад. Пр­ви­от був што го нај­дов­ме бе­ше мал ќук и от­то­гаш, па до де­нес сме мош­не актив­ни. Не ни се лу­тат ни­ту ве­те­ри­на­ри­те ни­ту би­о­ло­зи­те. На­про­тив, пре­среќ­ни се што има и лу­ѓе ка­ко нас – рас­ка­жу­ва­ат Ар­сов­ски.

buv04

Бу­во­ви­те се по­себ­на ка­те­го­ри­ја пти­ци-граб­ли­вки. Тие се та­инс­тве­ни, ноќ­ни жи­вот­ни. Ги има на­ве­чер, но не ги гле­да­ме. Те­шко е да се нај­дат, да се сле­дат. Пре­ку ден од­мо­ра­ат во не­ко­ја шуп­ли­на од не­кое др­во, дла­бо­ко со­кри­е­ни, ка­де што ни­кој не­ма да ги нај­де и да ги воз­не­ми­ру­ва. На­ве­чер, ко­га ние ќе лег­не­ме да спи­е­ме, тие се бу­дат. Во све­тот по­сто­јат 225 ви­да був. Во Ма­ке­до­ни­ја се на­се­ли­ле де­вет ви­да. Си­те се со нај­ви­сок сте­пен на за­шти­та во Ма­ке­до­ни­ја и се­кое нив­но мал­тре­ти­ра­ње, за­ло­ву­ва­ње, чу­ва­ње ка­ко до­ма­шен ми­ле­ник е стро­го каз­ни­во со за­кон. Каз­ни­те из­не­су­ва­ат од две до пет ил­ја­ди евра.

Во стан од 45 ква­драт­ни ме­три двај­ца во­зрас­ни, два де­ца и ед­но чу­до пти­ци

Ана и Бо­би жи­ве­ат во скоп­ска­та на­сел­ба Та­фта­ли­џе, во стан од 45 ква­драт­ни ме­три, но тоа не ги спре­чу­ва ре­чи­си две де­це­нии да спа­су­ва­ат пти­ци-граб­ли­вки и да ги чу­ва­ат и не­гу­ва­ат до­де­ка не за­креп­нат и не се вра­тат во сво­ја­та при­род­на сре­ди­на. Го­диш­но има­ат око­лу 30 по­те­шки слу­чаи. Не­ко­гаш им е тол­ку мно­гу тес­но до­ма, па мо­ра да пра­ват раз­ни ком­би­на­ции кој ка­де ќе спие, кој ќе оди на те­ра­са, кој ќе пре­сто­ју­ва во ба­ња­та. Со ча­со­ви мо­же да ви рас­ка­жу­ва­ат случ­ки кои се за сни­ма­ње филм, ка­ко онаа ко­га го спа­су­ва­ле се­мејс­тво­то штр­ко­ви во скоп­ско­то се­ло Р’жи­ни­чи­но, па ко­га ги до­не­ле штр­ко­ви­те до­ма. Де­ца­та ве­ќе им ги зна­ат и ла­тин­ски­те ими­ња на бу­во­ви­те, ги пре­поз­на­ва­ат ко­га ќе ги ви­дат во град­ски­от парк.

buv20

– Во ста­ри­от дел на град­ски­от парк во Скоп­је има се­дум гнез­ди­ли­шта на ма­ли­от уштест був. Ќу­кот е единс­тве­но­то пре­сел­но був­че што го има мно­гу. До­а­ѓа со ла­сто­вич­ки­те и го има во изо­билс­тво. При­стиг­наа пред два­е­се­ти­на де­на од топ­ли­те кра­и­шта. Мо­же­те да ги ви­ди­те и да ги чу­е­те во ноќ­ни­те ча­со­ви. Во град­ски­от парк ја има и ку­кум­ја­вка­та, но има са­мо еден или два па­ра. Спо­ред на­ша­та ста­ти­сти­ка, во пос­лед­ни­те пет-шест го­ди­ни за 70 про­цен­ти е на­ма­лен бро­јот на бу­во­ви­те во Ма­ке­до­ни­ја, а агре­сив­на­та упо­тре­ба на пе­сти­ци­ди­те е нај­го­ле­ма­та при­чи­на по­ра­ди ко­ја дра­стич­но е на­ма­лен бро­јот на бу­во­ви­те – ве­ли Бо­би.

Со­ра­бо­тка со учи­ли­шта, гра­дин­ки, гра­де­ње ку­ќар­ки за бу­во­ви

buv09

Здру­же­ни­е­то за за­шти­та на бу­во­ви­те во Ма­ке­до­ни­ја (МОТ) е ре­ги­стри­ра­на ор­га­ни­за­ци­ја и гла­вен из­вор за ин­фор­ма­ции за бу­во­ви­те во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. Здру­же­ни­е­то е по­све­те­но на со­чу­ву­ва­ње на бу­во­ви­те и на нив­на­та жи­вот­на сре­ди­на. Глав­на­та цел на ор­га­ни­за­ци­ја­та е да ја зго­ле­ми до­вер­ба­та на лу­ѓе­то кон бу­во­ви­те, ин­фор­ми­ра­ње и еду­ка­ци­ја на јав­но­ста за важ­но­ста на овие пре­крас­ни ноќ­ни граб­ли­вки. За­да­ча на ор­га­ни­за­ци­ја­та е да се гри­жи за оп­ста­но­кот на бу­во­ви­те во при­ро­да­та, да ги за­шти­ту­ва нив­ни­те гнез­ди­ли­шта, нив­ни­те мла­ди и нив­ни­те ло­ви­шта.

– Цел­та на МОТ е да при­до­не­се за зго­ле­му­ва­ње на фон­дот на бу­во­ви­те во на­ша­та зем­ја, со ор­га­ни­зи­ра­ње раз­ни ак­ции за по­ста­ву­ва­ње ку­ќич­ки за гнез­де­ње бу­во­ви, вос­по­ста­ву­ва­ње над­зор на си­те еви­ден­ти­ра­ни гнез­ди­ли­шта, при­хра­на и гри­жа на мла­ди­те був­чи­ња за да го на­пу­штат гнез­до­то во по­го­лем број – ве­лат Ана и Бо­би.

buv03

МОТ има од­лич­на со­ра­бо­тка со ос­но­ви учи­ли­шта, гра­дин­ки, мла­дин­ски кул­тур­ни цен­три, одр­жал по­ве­ќе еду­ка­тив­ни пре­да­ва­ња во скоп­ска­та Зо­о­ло­шка гра­ди­на, ор­га­ни­зи­рал ноќ­на про­ше­тка на Вод­но за одб­ли­ску да ги за­поз­на­ат најм­ла­ди­те и по­во­зрас­ни­те со ноќ­ни­те граб­ли­вки – бу­во­ви­те, да ја об­јас­нат важ­но­ста за нив­ни­от оп­ста­нок, да вле­ат по­го­ле­ма до­вер­ба кон овие пре­крас­ни ноќ­ни граб­ли­вки, кои пре­ку ис­хра­на со штет­ни­ци ди­рект­но го чу­ва­ат на­ше­то здрав­је.

Од МОТ изра­бо­ти­ја по­ве­ќе ку­ќар­ки за гнез­де­ње на ам­бар­ски­от був и на ку­кум­ја­вка­та, а ку­ќар­ки­те беа мон­ти­ра­ни во не­кол­ку на­пу­ште­ни и актив­ни шта­ли на по­ве­ќе ло­ка­ции во скоп­ска­та кот­ли­на.

Пи­шу­ва: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: Игор Ан­ге­лов­ски и при­ват­на ар­хи­ва

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top