Никола Бакрачески, градоначалникот на Охрид го решава проблемот со гробните места кои ги продавал на сред улица на градските гробишта, неговиот претходник Александар Петрески. Бакрачески беше на терен непосредно пред велигденските празници и ги обиколи градските гробишта во Охрид заедно со директорот Зоран Симоноски.

Тие консатирале дека дури 18 гробови биле продадени, а во еден од нив има и погребан човек, на простор каде помеѓу парцелите во гробиштата поминува улица. Новиот директор Симоноски едниот откопан гроб наредил да се затвори и да се поплочи за да се врати улицата во првобитна состојба. На гробот во кој веќе почиваат покојници нема да се преземат никакви мерки и тој ќе остане таму каде е. На останатите 17 горбни места за кои се платени пари, на семејствата кои ги откупиле ќе им се дадат гробови на други парцели.

Околу гробиштата има и депонии.
– Веднаш направивме план за расчистување на ѓубрето и сметот кој го имаше околу гробиштата. Сега улиците се исчистени, тревата ја нема на ивичниците, поседно е сезонско цввеќе , ѓубрето е подигнато, дислоциран е сметот- рече Бакрачески.
Дирекрот на претпријатието Симоноски рече дека ситуацијата која ја затекнале била хаотична.
– Ситуацијата која ја затекнавме беше хаотична, во овој краток период од неколку денови се подигнати 250 камиони шут и ѓубре исчистен е просторот. Мора да изразам благодарност до сите јавни препријатија и Противпожарната бригада која чисти со цистерни неколку денови – рече диркеторот Симоноски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


