
Македонија се најде на листата на Универзитетот од Торонто со 36 земји во кои се користии софтверот за надгледување на британската компанија „Гама интернешнл”, која е обвинета од фондацијата „Мозила” дека лажно го користи името „Фајерфокс”.
„Би-Би-Си” вели дека “Финфишер” е легитимен софтвер за надгледување, за кој се смета дека го користат властите за тајно да дојдат до податоци, пишува весникот „Вест“.
„Ситизен лаб”, истражувачка група на Универзитетот од Торонто, откри дека серверите за команда и контрола на „Финфишер” се активни, или биле присутни, во 36 земји, меѓу кои и Македонија.
Според нивниот извештај, во земјава има сервер кој може да испрати штетен софтвер до вашиот компјутер, скриен зад популарниот веб-прелистувач „Mozilla Firefox“ и потоа преку него, да следи се што правите на Интернет. Софтверот може да криериа и да испраќа скриншатови од вашиот монитор, да прегледува низ вашите електронски пораки па дури да ја вклучи вашата веб камера и микрофон.
Како што велат канадските научници, Finfisher е отпорен на сите популарни антивирусни програми, па практично е невозмжно да биде детектиран пред да се инсталира на вашиот компјутер. Покрај Македонија, во опкружувањето софтверот се користи и во Бугарија, Србија, Унгарија, Австрија и Турција.
Во 2011 година, „Би-Би-Си” доша до документи од објект на службите за државна безбедност во Египет, ограбен за време на немирите, кои сугерираат дека британската компанија им го понудила “Финфишер” на египетските власти за да ги следат активистите. „Гама интернешенел” демантираше дека го испорачала софтверот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


