| четврток, 6 декември 2018 |

Монструмот кој ја уби малата Ангелина го зави во црно и татка си

monstrum

Таткото на монструмот од Србија кој ја силуваше и брутално ја уби тригодишната Ангелина, ќе оди да го посети својот син кој ја зави цели Србија, но и регионот во темнина. Небојша се уште го нема видено неговиот син Владица по монструозниот чин, а сега одлучил дека ќе оди во посета во затворот за да дознае како можел неговиот сiн да го направи ѕверското дело.

– Ќе одам во затворот, ми треба време да се смирам. Не знам точно кога, оваа недела, другата. Ова беше шок за мене, ми треба време. Мора да дознаам зошто го направил тоа, да чујам од него. Тоа не го прават нормални луѓе- вели таткото кој е засрамен, понижен и завиен во тага.

Небојша не се ни сомневал дека неговиот син ја убил Драгана, а потоа и Ангелина. Тој вели дека ништо не укажувало на такво монструозно дело.

Таткото бил и во куќата на бабата да изрази сочуство.

– Како ја убил Ангелина, невино мало дете кое на мравка нема згазнато. Како ја убил Драгана, што се случило- вели таткото збунето и додава дека црната вистина за жал е реалност.

Тој вели дека неговиот син буквално го убил и него со делата кои ги направил. Вели дека и неговиот живот е завршен по овој срам и болка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top