| четврток, 6 декември 2018 |

Мажот на Јелена открива: Дали пејачката го познавала убиецот на Ангелина?

Зоран Марјановиќ, мажот на трагично загинатата пејачка Јелена Марјановиќ по подолго време се огласи во медиумите.

Тој изјави дека Владица Рајковиќ, кој ја уби тригодишната Ангелина немала никаков контакт со него и со Јелена.

– Човекот не го познаваме, знам дека Јелена никогаш не го видела, ниту пак се допишувала со него. Тоа што тој го сторил јас не знам како треба да се казни. Дали бил на каков било начин поврзан со Јелена и со нејзиното убиство, ќе утврдат инспекторите. Верувам дека тие одлично ја работат работата – изјави Зоран.

Зоран објаснил дека како што времето изминува, нему му е се потешко без сопругата.

– Не знам како тоа да го опишам. Времето не лечи се, ми се чини дека секој ден ми е се полошо. Не се јавувам на телефонските повици – изјави Марјановиќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top