
Дваесет и девет годишен скопјанец со закани успеал од таксист да му го украде автомобилот, за само еден час подоцна да излета од пат со украденото возило.
Според МВР вчера околу 00,45 часот, во Скопје на улица Боца Иванова извршено е разбојништво над З. Д. (52) од Скопје, при што му било одземен автомобила марка „Киа“ со скопски регистерски таблички.
На улица Црвени брегови, непознато лице се качило во такси возилото, седнало на совозачкото седиште и при движење по улица Боца Иванова во еден момент упатувајќи му вербални закани, побарало од З.Д. истиот да излезе од возилото. Откако З.Д. излегол од возилото, лицето со возилото го напуштило лице местото.
Во 01,40 часот на улица Боца Иванов, на околу 50 метри од крстосницата која води кон рудник „Бањани“, се случила сообраќајна незгода во која горенаведениот автомобил управуван од М.Б. (29) од Скопје, излетал од патот.
Увид на лице место извршила екипа од СВР-Скопје и по целосно расчистување и документирање на случајот против М.Б. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


