Се уште нема договор меѓу политичките партии за надминување на политичката криза. По петчасовната средба на работните групи со амбасадорите од ЕУ и од САД, Аиво Орав и Џес Бејли, изјава за медиумите не дадоа ниедан од четирите партии- потписнички на Договорот од Пржино.
-Имавме петчасовна конструктивна дебата и завршивме добра работа. Не можам да ви соопштам дека е постигнат договор, но можам да ви кажам дека ќе продолжиме со разговорите. Не сум разочаран што денеска не е постигнат договор, затоа што за тоа понекогаш е потребно подолго време“ рече по средбата американскиот амбасадор Бејли.
Во денешните разговори меѓу четирите поголеми партии учествуваа заменик претседатлката на СДСМ Радмила Шекеринска, Никола Тодоров од ВМРО ДПМНЕ, Артан Груби до ДУИ и Имер Алиу од ДПА. Преговорите ќе продолжат и следните денови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент