| четврток, 6 декември 2018 |

Турците најмногубројни туристи во Македонија

turi

Повеќе од 60.000 странски туристи ја посетиле Македонија во мај годинава. Најголемиот дел од нив 22.793 биле од Турција, 4.092 од Србија и 3.589 од Бугарија.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на странските туристи во мај бележи пораст од 5,1 отсто. Вкупниот број туристи изнесува 86.234 во мај годинава, кои оствариле 172.355 ноќевања.

Најпосетени биле Скопје и езерските места. Во периодот јануари­-мај 2016 година, во однос на тој период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 11,1 отсто и тоа кај домашните туристи има зголемување за 12,5 отсто, а кај странските за 10,4 проценти.

Во периодот јануари-­мај 2016 година, во однос на тој период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 12,2 отсто и тоа кај домашните туристи има зголемување за 19,1 отсто, а кај странските има зголемување за 8 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top