Пејачката и текстописец Тејлор Свифт е на првото место на годишната листа на „Форбс“ на 100 најдобро платени познати личности. Според магазинот, таа заработува 170 милиони долари.
Свифт е пред поп-пејачката Адел, која е на деветтото место со 80,5 милиони долари, Мадона е 12. со 76,5 милиони долари, Ријана на 13. место со 75 милиони долари и Кејти Пери на 63. место со 41 милион долари.
Турнејата на Тејлор Свифт, насловена како „1989 Светска турнеја“, минатата година ѝ донела повеќе од 200 милиони долари. Нејзиниот некогашен партнер, диџејот Калвин Харис се најде на 21. место на листата на магазинот „Форбс“, со заработувачка од 63 милиони долари.
На насловната страница на магазинот „Форбс“ е прикажана американската ѕвезда на ријалити програми, Ким Кардашијан, која е на 42. на листата со заработувачка од 51 милион долари. „Форбс“ наведува дека 40 отсто од нејзината заработувачка доаѓаат од играта за мобилни телефони „Ким Кардашијан: Холивуд“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.