На сите интернет портали за технологија и форуми Нокиа 1100 е на врвот на листата најбарани мобилни на денешницата. Произведена во средината на 2002 и почетокот на 2003 година, нејзината првобитна продажна цена изнесувала 75 евра.
Денеска се поставува прашањето зошто Нокиа 1100 која покрај опциите како калкулатор, штоперица и телефонски именик со 50 празни места, е толку интернесна и достигнува цена до неверојатни 50.000 евра.
Хакерите смислиле начин како да ја кракуваат оваа Нокиа, која би им помогнала во извршувањето на незаконските работи како илегален трансфер на пари, пратење на странските повици, прислушкување и слично, од таму е и толкавата цена на телефонот, чија реална пазарна вредност не повеќе од 10 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.