| четврток, 6 декември 2018 |

Кои се убијците на полицајците во Далас и што се знае досега?

Пет полицајци се убиени, а седум се ранети кога на нив од покрив е почнато да се пука од два снајпера во Далас, во американската држава Тексас.

Еден снајперист е мртов во гаража во центарот на Далас, а уште тројца осомничени се уапсени – изјави шефот на полицијата во Далас Дејвид Браун.

Што се знае досега?

-Убиствата на полицајците почнаа за време на протестите во центарот на градот поради убиствата на двојца Афроамериканци за време на полициските интервенции во Минесота и во Луизијана.

-Официјалните лица наведуваат дека во пукањето се повредени и двајца цивили.

-Овој напад е еден од најголемите масовни убиства на полицајци во историјата на САД.

-Идентитетот на осомничените за нападот и убиството уште не се познати, но полицијата неведува дека нападот бил многу внимателно испланиран и изведен.

-Шефот на полицијата во Далас изјави дека снајперистите пукале од заседа врз полицајците.

-Уште не е јасно дали четвртиот напаѓач извршил самоубиство или е убиен во пукањето со полицијата.

-Тој пред смртта рекол „Доаѓа крајот“ и дека уште многу полицајци ќе бидат повредени и убиени. Рекол дека  низ центарот на Далас се поставени бомби.

-Меѓу тројцата осомничени што се уапсени се наоѓа и една жена.

-Полицијата соопшти дека уште не знае дали сите осомничени учесници во нападот се пронајдени. Истрагата се прошири низ градот, а во неа се вклучени и хеликоптери.

-Мотивот за напад уште не е јасен, соопшти полицијата.

-Полицијата не ја исклчувува вмешаноста на одделни демонстранти.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top