| четврток, 6 декември 2018 |

Со кревет на плажа (фото)

nkolovarekrevetdnevnadozacfbook1234Познато е дека оставениот пешкир на плажа, на лежалка, на чадор или само на песокот,  значи одредена „резервација“, но од хрватските плажи е споделена и фотографија од цел кревет на брегот.

На задарската плажа Коловаре, вниманието на капачите гопривлече креветот паркиран меѓу пешкирите и чадорите, а фотографијата на социјалните мрежи предизвика вистинска еуфорија.

Многумина коментираат и се обидуваат да претпостават за што се работи, па дури и дека се работи за исполнување на желба на некој пациент од задарската болница која е во близина.

Секако, овој кревет денеска е најнеобичниот морски реквизит на преполната плажа, а уште почудно, креветот подоцна се „појави“ и на задарскиот кеј.

Некои велат дека на креветот била монтирана малецка камера па можно е наскоро на интернет да се појави смимка која ќе го објасни „шетањето“ на креветот низ Задар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top