
Пронајдено е безживотно тело во бунар во близина на црквата „Света Мина“ во кумановско Доброшане, потврди Основното јавно обвинителство – Куманово. Телото е пронајдено во утринските часови, а според информации од обвинителството, земени се траги од лице место и подигнат е материјал за вештачење.
На местото на настанот денеска беа приустни екипи на обвинителството, припадници на СВР Куманово и на територијалната противпожарна единица.
Од Основното јавно обвинителство најавија дека ќе излезат со повеќе информации во текот на денот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


