
Денеска е втор ден од празникот Духови и овој ден како и вчерашниот се смета за голем и тежок празник.Ова е роденден на црквата и обичај е да се бере цвеќе и со него да се украсуваат храмовите, но и домовите.
Народните верувања за овој ден се различни во различни делови на земјата, но има и некои кои се поклопуваат. Имено се верува дека девојките кои ќе се измијат со водата во која стоело цвеќето од кое се плетат венчињата за овој празник, цела година ќе имаат чисто и бело лице.
Момчињата пак кои од девојките ќе бидат дарувани со венче од цвеќиња, годината ќе ја завршат како младоженци.
На овој ден по никоја цена во домот не смее да се работат тешки работи, ниту со игла, бидејќи тоа би значело непочитување на апостолите и светците и не обраќање внимание на нивните зборови.
Во некои делови, обичај е на овој ден семејството да се сети на починатите и да им приредат симболична трпеза, како би го сочувале домот од злите сили.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дали сте имале чувство дека некој ве набљудува? Или забележувате сенки? Проверете дали вашиот дом е проколнат…
-
Денеска е Воскресен понеделник: Еве што денеска задолжително треба да направите!
-
Приказна од која се крева косата на главата: Ја повикувавме мојата покојна сестра со прстен, а потоа бебето во креветчето…
-
Кога видоа што ги брка, трчаа како луди (видео)


