
Средовечен битолчанец со цел да го прикрие разбојништвото што го извршил врз еден познаник, повикал полиција и пријавиле дека го ограбиле, а како плен на „неговите напаѓачи“ го пријавил златото и парите коие претходно тој самиот му гизел на познаникот.
СВР Битола поднесе кривична пријава против Ф.Н.(46) и уште едно непознато лице за кривични дела разбојништво и лажно пријавување на кривично дело.
На 19 јануари годинава во 19,30 часот, пријавените го повикале К.Б. од Битола во домот на Ф.Н., каде непознатиот сторител маскиран и со закана со пиштол извршил разбојништво над него одземајќи му златен накит во вредност од 300.000 денари. По ова, Ф.Н. на 21.02.2013 година во СВР Битола лажно пријавил дека на 19.01.2013 година во неговиот дом додека бил во друштво на К.Б. дошло маскирано лице кое наводно извршило разбојништво над него одземајќи му 400 евра и златен накит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


