| четврток, 6 декември 2018 |

Демонстрантите на СДСМ и платениците на СОРОС спречуваа Брза помош среде интервенција

blokada 2

Новиот „успех“ при блокирањето на Скопје на Шарените платеници и демонстрантите на СДСМ, беше оневозможување на амбулантно возило на Брзата помош да стигне на време онаму каде што е потребна лекарска интервенција. Тоа се случи за време на денешното тероризирањето на жителите на Скопје со блокирање на мостовите на главните сообраќајници, како дел од протестите.

 

Иако неколкумина од триесетмината демонстранти се обидоа да преместат дел од возилата на блокадата на мостот „Гоце Делчев“, дел од соросовите платеници и познатите насилници на протестите, во лекарите препознаа „провокатори“, па наместо да направат пат, тие го застанаа и се расправаа со возачот и екипата. Им пречело тоа што немало пациент во возилото, како тоа да е главен предуслов за пропуштање на медицински служби.


Тоа што следеше беше вон сите хумани норми- наместо да го отворат патот онаму каде беше упатено возилото, тие му определија нова рута. Времето до пристигањето на лекарската помош, кое најчесто се брои во секунди, сега беше одолжено не само заради блокадата и расправијата со оние кои го блокираа центарот на Скопје, нивната „инспекција“ дали возилото било полно или празно, туку и заради подолгата патека до пациентот, само заради хирот на платените поставени да блокираат сообраќај.


Вакви инциденти не се непознати. Пред извесен период при едно друго блокирање на центарот на градот, истите ликови се нафрлија кон семејство кое со автомобил го носеше детето со сериозна болест на закажан лекарски преглед.

blokada 1
Тоа што особено треба да се нагласи е односот на „шарените“ платеници и насилници кон фоторепортерите кои не им се „на список“. Иако Република.мк ги следи сите случувања во градот,особено оние кои се во нејзина непосредна близина, а тоа до сега не им пречеше на демонстрантите, денеска откако се случи инцидентот со возилото на Брза помош, насилниците се нафрлија кон екипата на „Република“ која си заминуваше од местото. Насилниците не штедеа ниту пцости ниту закани кон екипата, па и  нивните семејства.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top