
Иако туристичката сезона веќе почна, хрватските хотели се уште не ги нашле своите 30.000 сезонци, кои им се потребни за работа во оваа година.
Ако се задржат околностите кои владејат на пазарот на трудот, законската регулација и системот за образование, состојбата во 2017 година ќе биде алармантна, предупредуваат хотелиерите.
Тие бараат воведување на т.н. словенечки модел за увоз на работна сила од земјите кои не се членки на ЕУ според моментните потреби, а не квотите да се утврдуваат еднаш годишно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


