| четврток, 6 декември 2018 |

Експлодираше автомеханичарска работилница: Оштетени 13 куќи и два автомобила

Автомеханичарска работилница е целосно уништена, оштетени се два автомобила и 13 куќи во експлозија што се случила во работилница во Свети Николе.

Експлозијата и пожарот настанале при истекување на пропан бутан гас од демонтирана плинска боца од автомобил, а при активирање на компресор кој бил сместен во подрумската просторија.

Од експлозијата комплетно е уништена работилницата, целокупната опрема во неа, оштетен e автомобилот на сопственикот на работилницата како и друг автомобил марка  „хјундаи туксон“, кое било оставено за поправка.

Оштетени се и 13 куќи и помошни простории што се наоѓаат во непосредна близина. Увид извршил јавен обвинител од Свети Николе и екипа од Министерството за внатрешни работи.

Работилницата „Брацоц“ била сопственост на четириесет и три годишен свтиниколчанец, а инцидентот се случил во периодот на изминатите два дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top