| четврток, 6 декември 2018 |

Таа била шок за Југославија со голите сцени со девојка, и престоела кариера, но исчезнала (ВИДЕО)

“Офицер со Роза” е мелодрама поради која се лееле солзи поради трагичната судбина, но се воделе и војни помеѓу филмските критичари.

Трите главни улоги ги толкувале Ксенија Пајиќ, Жарко Лаушевиќ и Драгана Мркиќ.

dragana-mrkik-razgoleni-sceni-01

Приказната во филмот се одвива во 1945. година во Загреб, непосредно по Втората светска војна. Филмот го следи животот на партизанскиот офицер Петар (Жарко), кој во првите повоени денови се заљубува во Матилда (Ксенија), вдовица од високата класа. Љубовта почнува да се развива, па Петар ја остава својата свршеница Лилјана (Драгана), и почнува да живее со Матилда.

oficirsruyom600122422020121224062323

Општествените околности, човечката слабост и љубомора го водат Петар во смрт, а двете жени кои ги сакал и кои го сакале него, остануваат сами.

Името на филмот е изведено од сцената во која Петар носи две рози, по една за Лилјана и Матилда.

Нивната трагична приказна потресла илјадници луѓе, додека сцената кога Лилјана и Матилда додека се капат заедно во када предизвикала многу полемики помеѓу филмските критичари во тогашната Југославија.

Актерката Ксенија понекогаш може да се види во српските театри, во некоја серија или филм, додека Лаушевиќ по 15 години повторно се појавува на сцената.

Но, за Драгана Мркиќ многу малку се знае.

dragana-mrkik-razgoleni-sceni-02

Таа уште во 1987 година дипломирала глума. Љубителите на српската кинематографија ја паметат Драгана по улогите во филмовите “Искушување на ѓавалот”, “Поглед од Ајфеловата кула”, “Гледај ме”, “Горски венец”… По улогата во “Офицер со роза” ѝ предвидувале значајна филмска кариера, но тоа не се случило.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top