| четврток, 6 декември 2018 |

Разузнавачките служби ги соопштија петте натпревари на ЕП кои можат да бидат цел на тероризам

stadionot pariz

Терористичките закани се се погласни во очи почетокот на Европското првенство во Франција. По неколкуте инциденти во изминатиов период кои се сериозна закана за мирот и одржувањето на ЕП, разузнавачките служби од повеќе европски држави се на готовс и сериозно работат на терен да спречат било каква инволвираност на тероризмот во Франција и Европа.

Ако се има предвид актуелната ситуација во глобални рамки, безбедносните служби на европските земји се чини со право се загрижени и стравуваат од можни терористички напади за време на најголемиот фудбалски собир оваа година.
Разузнавачките служби веќе ги одбраа петте најризични натпревари на кои може да се очекуваат напади.

Англија – Русија
Турција – Хрватска
Германија – Полска
Англија – Велс
Украина – Полска

Ова се петте најризични натпревари на Европското првенство.
Токму затоа се очекува до сега најголемо обезбедување за да се спречи терористички напад кој би го расипал уживањето на сите љубители на најпопуларниот спорт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top