| четврток, 6 декември 2018 |

Стеф Кари се откажува од репрезентацијата на САД?!

stef kari

По сè изгледа, од кошаркарскиот состав на САД за Олимписките игри во Рио ќе изостане Стеф Кари. Најкорисниот играч на НБА во тековната сезона веќе им соопштил на челниците на американската кошаркарска асоцијација дека по борбата за шампионската титула сака да се посвети на рехабилитација на десното колено.

Покрај Кари најверојатно ќе изостане и неговиот соиграч од Голден Стејт, Андре Игудала, кој поради страв од Зика вирусот се откажа од настап во репрезентативниот дрес и од шансата да го брани златото од 2012 година во Лондон.

На поширокиот список на САД, покрај Кари и Игудала се најдоа и Ламаркус Олдриџ, Кармело Ентони, Харисон Барнс, Бредли Бил, Џими Батлер, Мајк Конли, Демаркус Казинс, Ентони Дејвис, Демар Дерозан, Андре Драмонд, Кевин Дурент, Кенет Фарлд, Руди Геј, Пол Џорџ, Дрејмонд Грин, Блејк Грифин, Џејмс Харден, Гордон Хејворд, Двајт Хауард, Кајри Ирвинг, Леброн Џејмс, Деандре Џрдан, Каваи Ленард, Кевин Лав, Крис Пол, Клеј Томпсон, Џон Вол и Расел Вестбрук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top