
Шампионот на Англија, Лестер се соочува со огромни проблеми, откако нивниот одличен напаѓач Џејми Варди е пред потпис со Арсенал, а според „Телераф“, тимот од „Емирати“ планира да испрати понуда и за алжирскиот фудбалер на „лисиците“, Ријад Махрез.
Трансферот на Варди во Арсенал веќе го потврдија и менаџерот на Лестер, Клаудио Раниери и фудбалерот на „топчиите“ Оливие Жиру, а во пакет со него би можел да пристигне и фантастичниот Махрез, кој беше избран за најдобар фудбалер на годината во Премиер лигата.
Раководството на Арсенал подготвува месечна плата од 100 илјади фунти за Варди, со цел да го официјализира трансферот пред почетокот на ЕВРО 2016 година, а наскоро се очекуваат и преговори за ангажман на Махрез. Лестер веќе почна да бара замена за Варди, а прв избор на тимот е фудбалерот на Ватфорд, Трој Дини чија цена изнесува 15 милиони фунти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


