Во четири натпревари попладнево домашните екипи доминираа во 27. коло од Првата македонска лига и ги освоија сите бодови. Единствен што имаше негатива во текот на мечот беше Металург, но на крајот беше убедлив против Ренова и победи со 3-1. Сите голови паднаа во вториот дел. Ренова поведе во 54. минута со погодокот на Емини, а ветераните Миле Крстев со два гола и Стојанче Игњатов со еден погодок направија пресврт за неполни 20 минути во фнишот.
Турново го победи Тетекс со 2-0 и се врати на врвот на табелата со 53 бода, еден повеќе од Вардар. Зоран Балдовалиев уште во 10. минута ја погоди мрежата на гостите, а Василев во вториот дел стави печат на триумфот на лидерот.
Со минимални 1-0 Брегалница славеше против Дрита, идентично како и Работнички со Пелистер. Мандак уште во 6. минута го одлучи натпреварот во Штип, а „романтичарите“ во Скопје со голот на Баже Илијоски во 75. минута ги разреши сите дилеми околу победникот.
Вчера, Шкендија го декласира Напредок со 3-0, како единствена гостинска екипа што ги освои бодовите, а Вардар во вечерен термин го совлада Силекс со 2-1.
Табела: Турново 53, Вардар 52, Металург 51, Шкендија 42, Работнички 40, Ренова 38, Напредок 37, Брегалница 34, Пелистер 30, Дрита 27, Тетекс 21, Силекс 19.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


