Рафаел Надал е единствен во светот на тенисот, што успеал дури 8 пати да освои титули на два различни турнири, а тоа му појде од рака предмалку со нов триумф во Барселона. Кралот на земјените терени во финалето со 6-4, 6-3 го победи сонародникот од Шпанија, Николас Алмагро.
Надал има ист број на титули и во Монте Карло, а и таму се запиша во историјата на тениската игра, лани, кога стаса до 8. трофеј, како единствен што во серија освоил толку признанија. Само уште легендарниот Хилјермо Вилјас има освоено 8 пехари на ист турнир, а подвигот го направи во Буенос Аирес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


