| четврток, 6 декември 2018 |

Ф1 – Рикардо со пол позиција во Монако

daniel-ricardo-f1

Даниел Рикардо од „Ред Бул“ ќе ја има пол позицијата на утрешната трка за Големата награда на Монако што ќе се вози низ улиците на Монте Карло. Ова е првата пол позиција за Рикардо во неговата кариера.

Тој зад себе ги остави двата болида на „Мерцедес“, Нико Розберг заврши со второ време, а Луис Хамилтон трето. Себастијан Фетел од „Ферари“ ќе стартува во вториот ред од позицијата број четири.

Победникот на последната трка Макс Верстапен ќе стартува од последната позиција откако имаше проблеми во првата фаза од квалификациите.

Max-Verstappen-crash

Утрешната трка започнува во 14 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top