Фудбалерите на македонската репрезентација до 21 година ја постигнаа третата победа во квалификациите за Европското првенство 2017 година, откако вечерва во Киев ја совладаа репрезентацијата на Украина со 2-0. Со оваа победа нашите млади надежи се израмија на табелата по бројот на бодови (12) со второпласираната репрезентација на Исланд.
Марјан Радески во 17. минута и Бесир Демири во 56. минута беа стрелците на головите за нашата младинска репрезентација.
Следниот натпревар во групата 3 од квалификациите, избраниците на селекторот Благоја Милевски го играат на 2. септември со Шкотска на гостински терен.
Табела (група 3):
Франција 14 бодови
Исланд 12
Македонија 12
Шкотска 8
Украина 4
Северна Ирска 1
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонската фудбалска репрезентација до 17 години ги доби противниците во квалификациите за ЕП 2019
-
Ангеловски ја собра репрезентацијата, повикан и тинејџерот Османовски
-
Пуштени во продажба билетите за натпреварите на македонските фудбалери со Норвешка и Австрија
-
Моќта на „црвената фурија“ доаѓа до израз, Диего Коста зголемува на 2-0 (видео)


