
Роден: 12.6.1969 година во Скопје
Професија: Адвокат на тие со парите
Хоби: Режимско профитерство
Кој е Петре Шилегов? Ова прашање и Гугл го знае мижечки, па ако впишете во пребарувачот „петр…“, веднаш ве води до еден наш дамнешен текст со наслов „Кој е Петре Шилегов“. Веднаш по постите и гостите, во првите трезни денови од 2014 година овој текст е прв од безбројте што ќе следуваат за тазе гласноговорникот на најголемата опозициска партија.
Човек на Бучковски, трн во окото на Шеќеринска, адвокатот Шилегов не е ново име на политичката сцена. Тој е човек на СДСМ од времето на Црвенковски и на Бучковски. Неговото име се појавува во неколку афери, или како адвокат или како претседател на Второстепената владина комисија за набавки. Каде и да се појавил досега, секаде имало многу пари. Ама многу. И секогаш тие многу пари за него се лепеле.
Кој е Петре Шилегов? Фраер на квадрат. Поточно, на толку многу квадрати колку што немаат заедно сите шатори на Илинденска. Не ти бил Петре роден за шатори, за тие тесни простори. И не е важно како ќе се родиш, туку како ќе се снајдеш, кого сѐ ќе прелажеш. Ете, Петре прелажа цела партија, цела опозиција! И затоа е фраер. Ги извади на тротоари, во најтоплото, ги седна на жешкиот асфалт и им рече: „Ова не е држава, ситуацијата е за никаде, има за сите, а тоа не е добро, тоа никако не е добро, повисоки плати, повисоки пензии, уа субвенции (толпата: „Уааа“!)! Скокна минималецот, Груевски е диктатор! Живееме под режим, ќе се задолжуваме станови да купуваме. Па, држава ли е ова?! Уаааа! (толпата: Уааа!)“. И таа олеснет во душата, натежнат во џебот, жртва на режимот, задникот во аудито… не, не, во мерцедесот… сеедно, важно да вози, женичката под рака, со минималецот замина по заемот. Квадратче овде, стотина квадрати онде, овде мерцедес, онде ауди, паричка на картичка – жртва на режимот!
Кој е Петре Шилегов? Режимски профитер. Класичен, како оние воените. И во најцрното гледаат зелено, шушкаво. Во најтешките моменти за народот, а тој како дел од него, при повисоки плати, повисоки пензии, шатори пред влада, замајана опозиција, шарлатанска парадна опозиција, Петре турира со 100-те илјади евра по „Партизанска“: „Станој купуем, станој купуем“.
Кој е Петре Шилегов? Петре е просечен адвокат, со плата од 23.000 денари, пратеник со плата од 60.000 денари. Петре има куќа од 306 квадратни метри, три стана, два луксузни автомобила, злато, уметнички предмети, скапи часовници, удели, акции, кеш, Петре е жртва на режимот тешка 1 милион и 60 илјади евра. Не, Петре не спие во шатори.
Текстот е објавен во 195 број на неделникот „Република“, на 27 мај 2016 година
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


