| четврток, 6 декември 2018 |

Конечно откриено: Полиција дојде до шокантни детали поврзани со убиството на пејачката на Гранд

Не очекуваа ваква трага.

jelena-zoran-marjanovic

Ѕвездата на Гранд Јелена Марјановиќ е убиена со камен со големина од 20 сантиметри, кој убиецот претходно   го донел на насипот во Борча каде е извршено убиството, утврдила истрагата.  До ова сознание форензичарите дошле со детална обдукција на телото на Јелена, но и со внимателно истражување на местото на злосторот, во чија поширока околина не пронајден ниту еден камен.

Најпознатите српски криминолози тврдат дека ова е дефинитивно доказ дека  убиството на Јелена Марјановиќ  е внимателно подготвувано за да се тргнат сите траги и дека практично е извршено ритуално убиство.

12651032_756160877852771_4223221761263564264_n

-Врз основ на повредите на главата на Јелена  е утврдено дека таа е убиена со поголем камен со неправилна форма кој во пречник е голем околу дваесетина сантиметри. Со детално истражување на теренот на насипот во Борча каде бил извршен злосторот утврдено е дека такви камења таму не постојат.  Тлото на насипот е земјено, обраснато со трева, нема  ниту поситни камења а камоли  поголем со кој би можело да се смачка нечија глава“, открива еден од поискусните инспектори кој од почеток работи на овој случај и додава:„Тоа јасно зборува дека убиството е однапред планирано , дека убиецот го организирал до најситен детаљ целото убиство и дека практично ритуално го извршил. Најпрво пронашол камен, го донел на насипот, ја пречекал жртвата и брутално ја убил. Фактот дека одбрал да ја убие Јелена со камен  зборува за доста интелигентна личност која знаела дека така најлесно ќе го скрие доказот со кој е  извршено убиството. Не е исто да се убие човек со секира или чекан или обичен камен кој може да се пронајде било каде во природа и со самото тоа лесно да се камуфлира. Можете да го фрлите во река помеѓу другите камења и така да ја исклучите секоја можност истиот некогаш да биде пронајден“.

10462534_1211753138840421_135932178869461381_n

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top