| четврток, 6 декември 2018 |

Концерт на тројца контратенори в сабота во МОБ

Во сабота, 28 мај, 2016 г. со почеток во 20 часот, во рамките на 44 Мајски оперски вечери, во Македонската Опера и Балет ќе биде изведен редок настан, концерт на тројца контратенори. Контретенорот е редок и специфичен глас. Се одликува со висини несвојствени за машките гласови. Интерпретираат репертоар од ренесансни, барокни и класични автори, односно автори кои пишувале дела во кои настапуваат високи машки гласови. На концертот во МОБ, ќе настапат: Макс Емануел Ценчиќ (Хрватска),  Василиј Хорошев (Русија) и  Реј Ченез (САД).

Режисер е Дејан Прошев, а диригент, Морис Гнан, од САД.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top