| четврток, 6 декември 2018 |

Циндриќ и Божовиќ се најдоа на листата на 20 најдобри трансфери за оваа сезона

metalurg

Традиционално на крајот од сезоната, веб-страницата „Хендбол планет“ направи рангирање на 20 ракометари кои направиле трансфер пред почетокот на годината.

По еден ракометар на Металург и на Вардар се најдоа на топ листата од 20 најдобри ракометни трансфери во Европа за оваа сезона.

Јанко Божовиќ, кој беше прв играч на Металург во Лигата на шампионите, се најде на осмото место од ова рангирање. Австрискиот десен бек беше главното оружје на Лино Червар во ЛШ, но потоа поради финансиските проблеми на Металург му беше дозволено да замине на неколкумесечна позајмица во Катар. Тој неодамна се врати во Македонија и ќе ја доврши сезонава во дресот на „металурзите“, вклучувајќи го тука и утрешното големо дерби со Вардар што ќе се игра во салата „Автокоманда“.

vardar-cindric

Лука Циндриќ го освои 16. место на оваа ранг-листа. Хрватскиот бек имаше мали проблеми со адаптацијата, но како што минуваше времето, така и неговата форма се движеше во нагорна линија, па Циндриќ најдобрите партии во црвено-црниот дрес ги прикажа токму во финишот од сезонава.

Поранешното крило на Металург, Дарко Ѓукиќ, се најде на четвртото место со трансферот во Бешикташ. Интересно е што Никола Карабатиќ со преселбата од Барселона во ПСЖ е само второпласиран, зад Расмус Лауге, кој се покажа како суперзасилување за Фленсбург по доаѓањето од редовите на Кил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top