| четврток, 6 декември 2018 |

Жално, но вистинито: Болница во која пациенти делат крвави кревети, а најмалите под

Падот на цената на нафтата, во Венецуела се штеди на сите аспекти од секојдневниот живот – од електрична енергија, храна, па сè до обична тоалет хартија а најпогодени од кризата се болниците и клиничките центри.

venecela-bolnica1

Болниците немаат сапун, струја, ракавици, опрема за рендген… Фотографиите кои ги објавил угледниот New York Times, сигурно ги оспоруваат изјавите на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, кој тврди дека таа социјалистичка држава, има најдобар здравствен систем во светот.

16venezuela-web1-master675

На сликите е прикажана болницата “Luis Raceti” лоцирана во крајбрежниот град Барселона. Пациентите спијат на искршени болнички кревети додека дел од нив лежат на под, додека беспомошно чекаат некој да им пружи медицинска помош. Децата лежат меѓу валкани кутии на ходниците без храна, вода или лекови.

16venezuela-web3-master675-v2
Новинарите интервјуирале 68-годишен пациент заболен од дијабетес, на кого морале да му ја ампутираат ногата, бидејќи болницата нема уреди за дијализа и потребни антибиотици.

Пациентите морале да ги оперираат од слепо црево без оперативни инструменти. Еден пациент починал бидејќи банката за крв не работела тој ден поради празникот кој државата прогласила за да заштеди на електрична енергија.

Но и по сето ова претседателот Николас Мадуро упорно одбива да прифати меѓународна помош за здравствениот систем бидејќи, како што тврди, тоа би довело до приватизации. Како и да е, тој тврди дека здравствениот систем во Венецуела, заедно со кубанскиот, се најдобри на светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top