Пролетен базар на домашни ракотворби денеска и утре се одржува на плоштадот „Филип Втори“ во Скопје, во организација на Занаетчиската комора.
Годинава се промовираат изработките на накит од филигран и монистра, украси, рачни ракотворби, плетиво, изработки од камен и цртање украси на камења, изработки на производи од филц и декоративни украси и облека од филц, цртање чаши со македонски мотиви, уникатни изработки на цветни аранжмани од бонбони.
– Целта на базарот е да се истакнат можностите, способностите и вештините на занаетчиите во Скопје и во Македонија и изложување на нивните производи за продажба, рече скопскиот градоначалник Коце Трајановски на отворањето на базарот.
Претседателот на Занаетчиската комора-Скопје Никола Петров рече дека манифестацијата користи за развој на занаетчиството.
– Во Град Скопје гравитираат 3.000 занаетчии, а 2.000 занаетчии не ја извршуваат занаетчиската дејност, а се обврзани да се регистрираат во Град Скопје. Бројот порано бил поголем, но сега постојано со самовработувањето и грантовите што ги доделува Владата се зголемува бројот на занаетчии. Лани имаме 90 нови регистрирани занаетчии благодарение на Агенцијата за вработување и на Владата, кои го помагаат занаетчиството, рече Петров.
Тој информира дека ова е петти базар во последните 40 дена што ги организира Занаетчиската комора. Базари имаше во ТЦ „Капитол“, ГТЦ, „Сити Мол“ и во „Рамстор“.
– Во договор со градоначалникот решивме малку почесто да ги организираме овие базари на различни локации во Скопје за да го потпомогнеме занаетчиството, рече Петров.
На базарот ќе бидат промовирани занаетчиските занимања кои нудат перспектива и можност за вработување и традиционалното занаетчиско производството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


