
На свечена церемонија во Солун денеска официјано ќе биде означен почетокот на изградбата на трансјадранскиот гасовод на територијата на Грција, јави ТАСС.
Според најавите, на церемонијата ќе присуствуваат грчкиот премиер Алексис Ципрас, министерот за животна средина и енергетика на Грција, Панос Скурлетис, како и министрите за енергија на Азербејџан и Бугарија, Натиг Алиев и Темнужка Петкова.
Покрај нив, на церемонијата е најавено и присуство на потпретседателот на Европската комисија и еврокомесар за енергетика Марош Шефчович и на специјалниот пратеник и координатор за меѓународни енергетски прашања на американскиот Стејт Департмент, Ејмас Хокстеин.
Гасоводот ТАП ќе почне на грчко-турската граница на Марица, минувајќи преку териториите на северна Грција, јужна Албанија и дното на Јадранско Море и ќе заврши во јужниот дел на Италија.
Преку овој гасовод ќе се пренесува природен гас од азербејџанските наоѓалишта во реонот на Касписко Море до корисниците во Грција, Албанија и Италија и понатаму во западна Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


