| четврток, 6 декември 2018 |

Концерт на Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ во Штип

Во домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип вечерва концерт ќе одржат Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ.

Овој концерт го организира Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип во рамки на  манифестацијата „Уметничка пролет“.

Серија концерти на врвни музички имиња од Македонија и од регионот ја одбележуваат оваа пролет.

Настаните под заедничко име „Уметничка пролет на УГД“ започнаа на 21 април со концерт на добро познатите Петрит Чеку, Тони Китановски и Емилија Потевска.

Серијата концерти ќе заврши на 27 мај со концертен настап на познатиот бенд на врвниот пијанист Васил Хаџиманов. Последните два концерти ќе се одржат во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top