
Лепа Брена и Амар Јашарспахиќ Гиле требало да одржат концерт во германскиот град Хаген. Се било откажано во последен момент, поради, како што тврди организаторот, непрофесионализмот на Брена.
Пејачката одбила да настапи додека не ѝ биде исплатен договорениот хонорар. Организаторот веќе ѝ испратил дел од сумата, но Брена си ги барала преостанатите 2000 евра, а бидејќи не ги добила, одбила да се појави во салата. Со оглед на тоа дека салата била преполна, организаторот одбил да ѝ го даде остатокот, зашто претходно ѝ капарисал 7000 евра. Затоа викнал полиција и ја пријавил пејачката за измама.

Меѓутоа, менаџерот на Брена тврди дека не било така, туку дека организаторот е тој кој не го испочитувал договорот.
-Воопшто нема платено ни евро, не плати ни за осветлување ниту за озвучување. Проблемот се јави кога Брена побара да потпишат договор, за се да биде регуларно, а нему тоа не му одговараше, зашто така ќе треба да плати данок. Од друга страна, полицијата сема измајви не само од Брена туку и од сите кои беа вклучени во организацијата: музичари, келнери. Брена не е задржана во полиција, зашто подоцна имаше настап во Холандија, вели менаџерот на Брена.
Познавачите на музичките случувања во Германија тврдат дека организаторот Велагиќ воопшто не е менаџер, туку месар, а дека Бена не е прва која ја измамил.
Кога Гиле слушнал дека полицијата дошла во Хотелот да разговара со Брена, избегал од салата преку службениот влез. Не се појавил во хотелот се додека полицијата не си заминала.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


