| четврток, 6 декември 2018 |

Варуфакис: Грегзитот беше инициран во согласност со Ципрас

cipras varufakis

Поранешниот министер за финансии на Грција, Јанис Варуфакис, призна дека идејата за Грекзит, била иницирана во согласност со премиерот Алексис Ципрас.

За новинарите на „Атенс лајв“ Варуфакис објасни дека ако зборувал за Грекзит, тоа било за да ги притисне кредиторите, но ги заплашувал само со „потсекување” на старите обврзници.

– Ги предупредив европските централни банки дека само ако ги затворат банките, ќе ги „потсечам“ старите обврзници, не не сум ги плашел со Грекзит, нагласи тој.

Варуфакис повторно го обвини германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле за неспособност, и како што вели, тој ја искористил својата власт за политички цели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top