Подгответе се за изненадување. Турските медиуми конечно откриле која е новата љубов на славниот Сулејман Величествениот.

Турскиот актер Халит Ергенч, султанот Сулејман Величествениот, по две години се враќа на малите екрани, а медиумите обелоденија која актерка ќе му биде партнерка во новата серија „1918 Измир“. Голем број на обожавателите на Халит се разочарани поради тоа што сите очекуваа дека партнерката во новата серија ќе биде неговата сопруга Бергузе Корел.

Меѓутоа продуцентите се решиле за актерката која воопшто не беше во игра и со тоа приредија витинско изненадување. Имено, сопругата на Халит ќе ја глуми Џенан Ергудер (38) која во „Шехерезада“ ја толкуваше улогата на архитект Еда, девојка која сакаше да и наштети на Шехерезад.

Халит и Џанан имаат и нешто заедничко: на сетот на „Шехерезад“ двајцата се вљубиле, Халит во Бергузе, а Џанан во Тарду Флордун. И додека љубовта на Халит трае и денес, Џанан и Тарду се разделиле по пет години поради неговите неверства.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


