| четврток, 6 декември 2018 |

Клосе ќе се обиде да го урне рекордот на Пандев во Лацио од 2010 година

miroslav klose 1

Горан Пандев уште во 2010 година си замина од Лацио, но македонскиот голгетер дефинитивно има оставено силна трага во римскиот клуб. Доказ за тоа е и последната информација на италијанските медиуми, според која Мирослав Клосе во следните две кола ќе се обиде да го урне рекордот што е сопственост токму на македонскиот интернационалец, кој е најдобар стрелец меѓу странците што го имаат носено дресот на Лацио.

Клосе, кој на крајот од сезонава ќе го напушти римскиот клуб, досега има постигнато 62 гола за „лацијалите“, два помалку од Пандев, па во следните две кола, на гостински терен со Карпи и пред своите гледачи против Фиорентина, ќе се обиде да стигне до остварувањето на Македонецот, кој во периодот од 2005 до 2009 година постигна 64 погодоци за Лацио во сите натпреварувања во кои го носеше дресот на оваа екипа.

miroslav klose

– Не можам да бидам прв баш на сите ранг-листи – на шега прокоментира Клосе на оваа тема, додавајќи дека сепак ќе се обиде да постигне уште некој гол до крајот на сезонава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top