Претставата „Некрстени денови“ од Тихомир Стојановски, во режија на Слободанка Чичевска, вечер во 20 часот ќе биде премиерно изведена на малата сцена во театарот „Јордан Х. К. Џинот“ во Велес.
Во претставата играат Жарко Спасовски, Фаик Мефаилоски, Мирјана Ристов, Страшо Милошевски,Тихомир Стојановски, Роберт Ристов и Слободанка Чичевска. Музиката е на Јане Пенов и Мемишевци од Орашек – Гора.
Претставата е во продукција на театар „Скрб и утеха“ со финансиска поддршка од Министерството за култура на Македонија. Влезот е слободен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


