| четврток, 6 декември 2018 |

Едисон Кавани престојувал во Велес?!

kavani 2

Спортскиот весник „Македонски спорт“ објави прилично сензационална вест во која се вели дека ургвајската ѕвезда Едисон Кавани престојувал во Велес.

Имено, според весникот, славниот уругвајски фудбалер кој настапува за ПСЖ е на гости во Велес и бил уловен во ресторанот Гарденија. Македонски спорт освен кратката вест и две фотографии на кои наводно е Кавани не дава подетални информации околу причината и поводот за неговиот престој во Македонија.

kavani

Во текот на денешниот ден, дневниот весник „Вест“ ја потврди информацијата според кој Кавани бил во друштво со неговиот брат и со уште двајца пријатели. Посетата била безмалку тајна, но на Фејсбук, сепак, се појавија неколку фотографии од велешани кои успеаја да се фотографиираат со него. Од хотелот не даваат детали за посетата на Кавани.

– Не можеме да зборуваме за нашите гости, оти ја нарушуваме нивната приватност – изјави за Вест Зоран Мирсинов, директор на хотелот.

А, дека и Кавани сакаше неговиот престој во Велес да биде неоткриен, зборува тоа што на неговиот Твитер-профил само кратко напишал: “Правец Лас В….”. Никаде немаше дека престојува во Македонија, освен една фотографија со пејсаж од езеро, на која не ја крие воодушевеноста од убавината.

kavani 1

Меѓу младите велешани, последната година, градот се именува Лас Велес поради бројните коцкарници, обложувалници и палми, име кое, очигледно, го прифатил и Кавани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top