На охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ утре се очекува да пристигне првата група туристи од Холандија во Охрид за летната сезона 2016 година.
Првата група туристи од Холандијана на охридскиот аеродром се очекува да ја пречекаат генералниот менаџер на ТАВ Македонија Зоран Крстевски, градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески и директорот на туристичката агенција „Фибула Ертравел“ Асим Меџедовиќ.
Во Охрид пролетва и летово се очекува освен туристи од Холандија да се одмараат и туристи од Белгија, Израел и Турција, но и од Јужна Кореја и Кина, туристи кои се дел од мапата на кружните Балкански тури од источните земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Втор ден хаос за туристите во Грција
-
180.000 туристи блокирани: До најпопуларните грчки острови денеска нема одење, прашање е кога ќе може
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија
-
Голема несреќа на Хаваи: Туристи повредени откако вулканска лава погодила брод