| четврток, 6 декември 2018 |

Пукано со ловечка пушка во автобус

Neoplan

Непознат сторител пукал со ловечка пушка во паркиран автобус. За среќа, нема повредени.

МВР јави дека во полициското одделение во струшко Велешта,  Б.В. пријавил дека истиот ден во времето од 13.30 до 18 часот, на регионалниот пат Струга – Дебар, на излез од селото Велешта, непознат сторител пукал од огнено оружје, при што од проектилите е направено оштетување на автобус „Неоплан“, паркиран на паркиралиштето на туристичката агенција „Расим туризам“, негова сопственост. Извршен е увид на местото на настанот, пронајдени се два патрони од ловна пушка, како и делови од патрони и истите се предадени за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за откривање на сторителот и за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top