За да се одржат добри избори, ви треба функционална Централна изборна комисија, а не Комисијата која функционира на игра на зборови. Таа треба да биде резултат на политички консензус, порача американскиот амбасадор во Тирана, Александар Арвизу. Се смета дека Вашингтон ја притиска Албанија да го реши прашањето за реконструкција на Комисијата за во јуни да се одржат слободни и демократски избори.
Претходно власта и опозицијата во земјата ги објавија предизборните коалиции, но немаа реакција за нефункционалноста на Централната изборна комисија, што го поттикна Вашингтон јавно да го изрази своето незадоволство. Поларизацијата меѓу двете главни партии во земјата, загриженоста за пропустите во албанската демократија и бавното темпо на реформите го успорија процесот на интеграција на земјата во Европската унија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


