| четврток, 6 декември 2018 |

Конечно – продолжен викенд за сите македонските граѓани

Следува четиридневен одмор за граѓаните од православна вероисповед, како и три неработни денови за сите граѓани на Македонија.

Министерството за труд и социјална политика денеска соопшти дека 29 април, односно петокот пред Велигден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.

Петокот пред Велигден е прогласен за неработен ден согласно Законот за празници на Република Македонија.

На 2 мај, пак, во понеделник, е неработен ден поради Денот на трудот 1 Мај, кој годинава се паѓа во недела, а затоа што е државен празник, нема да се работи следниот ден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top