Светските лидери денеска ќе се сретнат во седиштето на ОН во Њујорк со цел да го потпишат Парискиот договор за климатски промени и за натамошно поттикнување на борбата против глобалното затоплување. Парискиот договор произлезе како заклучок на Конференцијата за климатски промени, која се одржа кон крајот на минатата година во Париз на највисоко ниво и на која учествуваа повеќе од 140 претседатели на држави и влади. На денешното потпишување на овој важен документ ќе учествуваат претставници на повеќе од 165 држави, што е досега најголем број на земји кои во еден ден ќе потпишат некаков меѓународен договор. Церемонијата, која се одржува на Денот на планетата Земја, е организирана по четири месеци откако во Париз по повеќедневни напорни разговори е потпишан договор и претставува прв чекор кон обврзување на земјите да ги почетуваат ветувањата за намалување на емисиите на штетни гасови
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Времето се менува: Температурите значително ќе опаднат
-
Три позитивни промени што ќе ги почувствувате кога ќе престанете да јадете бел леб барем еден месец
-
Климата на Земјата би можела да излезе од контрола
-
Климата во автомобилот може сериозно да ви го загрози здравјето: Еве како правилно да ја користите!