| четврток, 6 декември 2018 |

Се откажува лидерската средба во Виена: Главна причина, Заев бара прекршување на Уставот и одложување на изборите

Лидерската средба што требаше да се одржи во австрискиот главен град Виена се откажува. Еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, заедно со тројцата европратеници Едвард Кукан, Ричард Ховит и Иво Вајгл, утре требаше да биде домаќин на четворицата македонски политички лидери Никола Груевски, Зоран Заев, Мендух Тачи и Али Ахмети на нова рунда разговори за решавање на политичката криза во Република Македонија.

han-640x294

Сепак, како што дознава „Република“, главна причина за откажување на лидерската средба е барањето на Зоран Заев за прекршување на Уставот и за одложување на изборите.

Утрово беше најавено дека во „куќата на ЕУ“ во Виена веќе се подготвува салата за состанокот за решавање на македонската политичка криза и, неофицијално, европските посредници ги очекуваат сите повикани да присуствуваат на лидерската средба, која би се одржала и со отсуство на некој од нив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top